Скопје, 22. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај оваа година изнесувала 22 889 денари и била за 2,5 отсто поголема во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен, стручни, научни и технички дејности и преработувачка индустрија.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности, рударство и вадење на камен и градежништво.
Во мај 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива