јуни 15, 2023

Струга, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Професионалниот велосипедист, стружанецот Димитар Јованоски е прв македонец што има потпишано за континентален тим, па деновиве учествува на престижната велосипедска трка „Tour of Slovenia”.

Тој е дел од континенталниот тим на „Adria Mobil”, што му овозможи учество на ваква Pro UCI трка. Се вози четири дена и вкупно над 800 километри.

Можно е да е слика од велосипед и текст кој вели „141 142 143 144 Adria Mobil (CT) FINKŠT Tilen GLIVAR Gal* HOČEVAR Kristjan JARC Aljaž JOVANOSKI Dimitar* KOREN Kristijan MURN Boštjan* DS KUMP Marko 145 146 3h 147“

Јованоски е долгогодишен шампион во планински и друмски велосипедизам, во јуниорска категорија. Се натпреварувал во триатлон, дуатлон, а сега се одреди само за друмски велосипедизам. Има 19 години и моментално студира во Словенија,а со велосипедизам се занимава од 13 годишна возраст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука