Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Последната ноќ“ на Народниот театар од Битола што утревечер ќе се одигра во Охрид е распродадена.
Претставата е работена по текст на Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветаноски, со Соња Михајлова и Марјан Ѓорѓиевски во главните улоги.
– Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е драма за двајца, сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма, која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите тие работи што семејството ги гради. Приказна што зборува за поинакво семејство, понижувано смејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет, вели режисерот Цветановски.
Оние кои навреме обезбедија билет, претставата „Последната ноќ“ ќе ја погледнат во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива