ноември 18, 2021

Охрид, 18. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По налог на Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, денеска беше расчистена дивата депонија кај „Бејбунар“.

– На овој предел веќе подолго време нелегално се одлагаше градежен и друг вид отпад. Упатувам апел до граѓаните да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии со цел да имаме убав и чист Охрид, порача Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука