Охрид, 24. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ изминативе денови расчистиле неколку мини депонии во селото Трпејца, но за кратко време повторно ја затекнале истата состојба, расфрлани кревети, фотелји, пластични столици…
– Се расчистуваа локациите каде несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад: најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и друго. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубни метри отпад со ангажирање на специјална механизација. Но, за жал потоа повторно затекнавме иста слика. Повторно интервениравме со надеж дека нема повторно да сме сведоци на овие фотографии, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“
Прочитано: 18