Охрид, 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година средношколците од „Св.Кирил и Методиј“ ги презентираат своите менаџерски способности. Денес се одржува веќе традиционалниот Саем на училишни компании.
Учествуваат осум групи од економските и две групи од медицинските паралелки, кои ќе го презентираат се она што го научиле во рамки на практичната настава во однос на работењето на една компанија, изработувањето на готов производ, менаџирањето и промовирањето. Учениците всушност оформуваат симулиран бизнис од идеја до остварување на профит. Па,така успешно „менаџираат“ неколку компании: за бои и лакови, за продажба на ИТ техонологија,кафуле…
Од учебната 2007/2008 година во економските училишта со помош на Австриската агенција за развој почна да се одвива проектот „Училишна компанија“ кој функционира во рамките на часовите по практична настава за четврта година.
Покрај комуникациските вештини, тимската работа и размената на искуства, саемите овозможуваат и тренинг за водење на деловна кореспонденција, склучување трговски договори, донесување одлуки, способност за разрешување конфликтни ситуации и стекнување подобра јазична комуникација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес