Скопје, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во светот денеска се одбележува Денот на хуманитарноста.
Истиот беше одреден во спомен на бомбашкиот напад на 19-ти август 2003 година врз хотелот „Канал“ во Багдад, Ирак, при што загинаа 22 лица, вклучувајќи го и главниот хуманитарец во Ирак, Серхио Виеира де Мело.
Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализираше денот како Светски ден на хуманитарноста.
Секоја година, овој ден е повод за да се фокусира јавноста врз одредена на тема, собирајќи ги партнерите од целиот хуманитарен систем да се залагаат за опстанок, благосостојба и достоинство на луѓето погодени од кризи и за безбедност и сигурност на хуманитарните работници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 83