Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското Езеро.
– Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската полиција, интервенираа по еден случај кога на малолетно лице ненадејно му се превртел кајакот по што, безбедно го извлекоа малолетникот, при случај на појава на пожар во пловен објект, а успешно извлекоа пловен објект со повеќе лица кој, при лоши временски услови останал дефект во езерските води, информираат од СВР Охрид.
Додаваат дека по преземени мерки по Законот за внатрешна пловидба, во периодот од 1. јуни до 31-ви август 2024 година, биле откриени 45 прекршоци и санкционирани 29 сторители, а биле откриени и 4 илегални преминувања на државната граница во езерските води на лица државјани на Република Албанија кои биле затекнати при незаконит риболов во македонските територијални води.
– Против две лица поднесени се кривични пријави за кривично дело „Незаконит риболов“. Во истиот период, пронајден и привремено се одземени вкупно 132 рибарски мрежи со вкупна должина од 12820 метри со 2.050 парчиња риба пастрмка, белвица, крап и други видови. Акцент беше ставен и на превентивното работење со реализација на повеќе превентивни кампањи од проектот „Безбедно лето“ при што, често се вршеше предупредувања на лицата што управуваа пловни објекти, да не се движи во зона на капачи односно да се движи на оддалеченост од најмалку 300 метри од брегот на езерото, што е предвидено во член 13 од Законот за внатрешна пловидба. Во рамките на кампањата „Како против топлотниот бран“, полициски службеници и волонтери од Црвениот крст, патролираа со полициски пловни објекти и остваруваа средба со лица кои пловеа по езерото, им делеа вода, флаери со едукативна содржина и низ разговори ги потсетуваа за најзначајните потреби за успешна заштита од силното сонце и високите температури. Мерките, полициските службеници ги спроведуваа самостојно и заеднички со други организациони единици од МВР, Капетанијата на пристаништата Oхрид, Државниот инспекторат за земјоделие-Охрид и Црвениот Крст, потенцираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес