Охрид, 19. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Охрид излегоа со реакција по изнесеното во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во кое на низок, дрзок и срамен начин се врши обид за дискредитирање на личности, лажење и дефукусирање на јавноста.
– Пецаков и ДПМНЕ наместо да се занимаваат со закани, дискредитирање на личности, лаги и манипулации, нека одговорат на прашањата: Каде патувале? Која била егзотичната дестинацијa? Со когo? И кој го платил крстарењето на Пецаков и членови од неговиот кабинет? Може да се закануваат, може да лажат бидејќи тоа им е во нивната суштина, но должни се на охриѓани да им одговорат, стои во реакцијата.
Претходно, од локалниот огранок на СДСМ од Охрид на прес конференција запрашаа каде е градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и побараа одговор дали е на егзотично патување со секретарот на општината и други лица од кабинетот и кој го платил крстарењето? (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес