Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден од главните приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање е финансиска поддршка на општините во поглед на финансирање проекти и програми од областа на животната средина, стои во дописот до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид.
– Со оваа поддршка годинава беше опфатена и Општина Охрид. На Општината и се доделени 8 милиони денари со цел да започне да го решава еден од најгорливите проблеми на жителите не селата Долно и Горно Лакочереј, а тоа е изградба на примарна фекална канализациона мрежа. Доколку општината целосно и навремено постапи, на жителите на овие села после долги години ќе им се реши еден од суштинските проблеми за непречено секојдневно функционирање. Нема селективност во поддршката на општините од страна на Владата предводена од СДСМ. Нема партиска обоеност кога се работи за давање поддршка на општините во корист на граѓаните. Секој граѓанин заслужува повеќе, да има повеќе за сите, стои во партискиот допис. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес