Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Улицата „7-ми Ноември“ моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци… Ова се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи, раегираат од ОО на СДСМ од Охрид.
– Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ на чело со Кирил Пецаков деновиве одбележува 2 години од запоседнување на Охрид. Тимот кој раководи со градот 2 години е „за некого мајка за некого маќеа“. Но, за тоа потоа. Улицата „7-ми Ноември“ повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година. Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга „математика“ е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците? Прекопувањето на улицата, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може за жал да доведат до немили настани. Улицата е ужас за народот. Сопствените замисли и хирови, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението. Две години прекопувате и прередувате од едно место на друго. Едвај некоја новинка. Зарем и следните две така ќе ги поминете? – стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива