Охрид, 10. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е сардисан од сите страни. Од една страна неспособен градоначалник, од друга страна криминали, дрога и неморално однесување, стои во дописот до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид.
– Претседателот на месниот комитет на ДПМНЕ Пештани, кој важи близок до Кирил Пецаков е фатен како поседува и конзумира кокаин и тоа на сред кафиќ во Охрид. Александар Таломаноски познат како Дандаро, професор по музичко образование и вработен од Пецаков пред две години, важи за една од повлијателни фигури на ДПМНЕ во Охрид. Скандалот е до толку поголем бидејќи истото ова лице е вработено во образование и ова претставува атак врз титулата просветен работник и врз образовниот процес воопшто. Но, она што секој еден граѓанин сега моментално се запрашува е: Кому му ги доверивме нашите деца во училиштата? ДПМНЕ покажа дека не им е важно кој се вработува и кој ќе ги учи и воспитува децата; важно им е партиските послушници да бидат намирени, реагираат од партијата.
Додаваат дека вака излегуваат на виделина сите лаги на Пецаков и ДПМНЕ дека грижата за децата им е на прво место. Вака ли ДПМНЕ го оправдува залагањето за децата од својата предизборна кампања?
– Факт е, а и на охридската јавност и е добро познато дека не им е прв пат на ДПМНЕ да вработуваат деструктивци и деликвенти во училиштата, лица кои имаат судир со законот. ДПМНЕ и Пецаков се должни и морално и пред Закон да внимаваат кој ќе им прокламира морални вредности на децата во училиштата. Бидејќи на народот можеби не му е важно како ДПМНЕ ќе си ја организира внатрешната политика и кој ќе им биде на чело на месните комитети, ама особено му е важно кој ќе им ги воспитува децата. Повикуваме работодавецот на лицето Александар Таламаноски најитно да постапи согласно Закон и подзаконски акти на институцијата, стои во дописот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес