Манчестер, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Манчестер Јунајтед започна внатрешна истрага за неколку играчи, кои ги прекршиле етичките норми на однесување. Според британските медиуми постои видео снимка на која играч на клубот имал секс во јавен тоалет.„Daily Mail“ ја оценува случката како „одвратна“. Весникот тврди дека играч на „црвените ѓаволи“, чие име не се споменува, е снимен со девојка на околу 20 годишна возраст во ноќен клуб, по што заминале во тоалетот каде имале секс. Сето тоа го снимиле негови соиграчи со мобилен телефон над вратата од тоалетот. Потоа тие им го покажале видеото и на другите играчи.Раководството на Јунајтед стравува дека снимката може да биде објавена на интернет и да го разниша угледот на англискиот фудбалски гигант. Од клубот одбиваат да го коментираат настанот. (Крај)извор: Спорт ТА фото: архива
февруари 8, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука