март 3, 2021

Охрид, 3. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди денеска областа Тесалија, во централна Грција

.

Потресот кој е регистриран околу 11:16 часот беше почувствуван во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и Охрид.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 3-ти март 2021 година регистрира серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Според досегашните податоци, од серијата на земјотреси најсилно беше почувствуван земјотресот во 11:16 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML6.3, и тоа на целата територија на Македонија особено на повисоките катови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. (Крај)

извор: ПМФ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука