август 13, 2017

Охрид, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Тамаро“, како водечки бренд на маркети во Охрид, продолжува со летните акции на задоволство на сите нивни купувачи.

Последната акција во рамките на ова супер активно и атрактивно „Тамаро лето“ беше „најголемата забава“ која се одржа синоќа во „Тамаро 7“ маркетот на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“.

tamarokokteli2 tamarokokteli3– Како и секогаш имавме многу изненадувања и супер атрактивни награди за нашите купувачи. Специјален гостин на вечерта беше најдобриот бармен во Република Македонија, Никола Јосески од Струга. Тој за посетителите подготвуваше освежителни коктели, а сите заедно уживавме во различните Nescafe вкусови исполнети со многу забава и награди, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.

tamarokokteli4Ова е само продолжување на супер-атрактивното лето на „Тамаро“ и Nescafe. Изминатиов период се организираа бројни забави во маркетите на „Тамаро“ со тимот на Супер радио, Nescafe и Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука