Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, покрај на музичарите од соседството, но и целиот свет, ова лето ќе биде домаќин и на најголемите ѕвезди на македонската естрада.
Во организација на Прагма Продукција, во петок, на 2-ри август, за Илинден, во Охрид ќе се одржи вистински МЕГА музички настан, достоен за големиот празник. Мега популарниот Влатко Лозаноски Лозано ќе одржи голем концерт на отворено, кој се очекува да биде еден од врвните настани ова лето во Охрид.
– Задоволство ми е да го најавам концертот кој ќе биде отворен со настапите на моите помлади колешки Антониа Гиговска и Лина Пејовска кои секако ќе го збогатат, но и разубават уште повеќе со нивното присуство, информираат организаторите.
Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД. На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива