Охрид, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2023 година, во 11:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Патничко возило марка „Киа“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувала 60-годишната Е.К. од Струга, удрило во велосипед, управуван од 76-годишниот С.И. од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21