Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладнево, нешто по 14:00 часот на стариот пат Охрид-Струга.
Според првичните информации, во незгодата учествувале автобус марка МАН со скопски регистерски ознаки и патнички автомобил марка „Опел“ од Охрид.
Во незгодата е причинета поголема материјална штета.
Струга е домаќин на Преспа форумот за дијалог, чии безбедносни мерки сериозно го отежнаа сообраќајот во Струга, а вчера објавивме и за големи колони кај „Езерски лозја“.
Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: FB Ohrigani
Прочитано: 21