септември 13, 2024

Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмногу што образованието може да му овозможи на детето во неговиот развој е да му помогне и да го насочи кон подрачјето на кое неговата надареност најмногу му одговара, каде ќе биде задоволно и стручно, вели Голман.

Талентот не е „дар од Боговите“ или резултат на наследната еволуција на човекот, туку е резултат и многу работа и постојан развој на личноста. Доколку истиот се придвижи од најрана возраст во вистински правец и има поддршка од луѓе и институции кои ја знаат својата работа, резултатите никогаш не изостануваат.

Ние развиваме вештини кои ќе му бидат потребни на детето во иднина: владеење на емоциите и вниманието, креативно и аналитичко размислување, тимска работа, самодоверба, самостојност и лидерски способности, вели во интервју за Супер радио и OhridPress, Марија Јолеска, која стои зад проектот SmartyKids Охрид, Центар за ментална аритметика каде работат со деца на возраст од 4 до 12 години, развивајќи го нивниот фокусот, меморијата и вниманието, со абакусот како главна алатка.

OhridPress:

 SmartyKids наскоро отвора во Охрид свој центар за ментална аритметика. Кажете ни точно за што се работи и на кој начин најмладите можат да се стекнат со нови и да подобрат некои од своите вештини и способности?

Марија Јолеска: Smarty Kids е франшиза за ментална аритметка која помага при интелектуаниот развој на децата. Главна алатка со која работат децата е абакусот. Со помош на ова сметало децата учат да собираат и одземаат со извонредна брзина, а со текот на времето брзината станува се’ поголема и детето започнува за множи и дели. Најважно е што после извесен период децата сметаат во ум, без помош на абакусот.

OhridPress: SmartyKids им помага на децата од 4 до 12 годишна возраст, развивајќи го фокусот, меморијата и вниманието. Кои поточно техники ги користите?

Марија Јолеска: Во нашиот центар се користат оригинални материјали за учење создадени од експерти. Во самите часови воведуваме фасцинантни дејствија, динамични игри, задачи и награди со што на детето никогаш нема да му биде здодевно. Исто така имаме и online платформата која многу помага за утврдување на нивните вештини за учење и постигнување подобри резултати.

OhridPress: Што го одвојува SmartyKids од другите вакви центри?

Марија Јолеска: Најпрво стручниот кадар кој поминува низ обука и сертификација. Стручноста и подготвеноста да се заинтересира секое дете за материјата што се работи и да се најде заеднички јазик со него. Потоа, разиграната и весела вселенска програма и користењето на абакусот го прави процесот на учење интересен и разигран, што е важно за одржување на мотивацијата и интересот кај децата.

OhridPress: Живееме во модерно време во кое децата од најмали нозе се под зголемен притисок од околината и очекувањата се кренати на највисоко ниво. Кои вештини можат да се подобрат во SmartyKids?

Марија Јолеска: Развиваме вештини кои ќе му бидат потребни на детето во иднина: владеење на емоциите и вниманието, креативно и аналитичко размислување, тимска работа, самодоверба, самостојност и лидерски способности. Абакусот не е само древна алатка за броење, туку и моќна алатка за развој на младиот ум. Со секое движење на топчињата, децата не само што учат да бројат, туку развиваат и визуелна перцепција, внимание и способност за концентрирање.

OhridPress:Кажете ни нешто повеќе за новиот центар. Кога се отвора, на која локација, како можат да ве контактираат заинтересираните и што се’ ќе им понуди на најмладите охриѓанчиња?

Марија Јолеска: Образовниот центар SmartyKids свечено се отвора во сабота, на 14-ти Септември 2024 година, во објект наспроти поранешниот маркет „Бозо“. Сите кои се заинтересирани може да не контактираат на нашите профили на социјалните мрежи (FacebookInstagram или YouTube), на телефонскиот број 071/375-472 или на нашата веб-страна. Во моментов имаме курс по ментална аритметика за деца од 4 до 12 годишна возраст. Во иднина ќе организираме и курс за најмали дечиња од 3 години како и курс за брзо читање. Ги поканувам сите мали авантуристи кои сакаат да ги истражуваат своите бескрајни интелектуални способности да бидат дел од групите по ментална аритметика. Се гледаме во сабота во просториите на SmartyKids Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Be1 Digital Marketing

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука