Струга, 9.март 2015 година (ОХРИДПРЕС) – Стружанецот Слободан Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на К1 турнирот што треба да се одржи на 23.мај во Марсеј, Франција.
Тој е единствениот македонски репрезентативец што ќе се натпреварува со најдобрите професионални борци.
Веќе единаесет години, кик-боксерот Кајмакоски интензивно тренира во својата родна Струга, а боречките вештини дополнително ги усовршувал и во Хрватска. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:Темпо.мк
Прочитано: 62