Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На стартот на новата учебна година, „Тамаро“ маркетите ги изненадија првачињата во ОУ „Братство Единство“.
На денешната свечена приредба, што се одржа во двата објекти на училиштето, по повод првиот школски ден на сите првачиња кои се запишани во ова училиште, на македонски, албански и турски јазик, добија маички со натпис „Јас сум прваче“ на трите наставни јазици.
– Ова е 72-ра генеарација првачиња. Во текот на летото ги извршивме сите подготовки, заедно со наставниците и целиот персонал на училиштето. Почетокот на новата учебна година го означивме со подарок за првачињата. Благодарение на маркетите „Тамаро“ им дадовме по една маичка со натпис „Јас сум прваче“ напишано на трите наставни јазици. Се надевам дека за првачињата ќе имаме уште донации, рече Мехмед.
https://youtu.be/lA8MK6P7Kt4
Во ОУ „Братство Единство“ се запишани 100-на деца на трите наставни јазици, 18 на турски, 30 на албански и останатите на македонски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес