Струга, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утрово на еден од мостовите во Струга е поставен транспарент со порака до лидерот на ДУИ Али Ахмети.
– Денеска во Струга не разбуди транспарент со порака со која се бара враќање на претседателот Али Ахмети и барање за заштита на јазикот и знамето. Јасна порака која ја одразува грижата за зачувување на националниот идентитет, стои во објавата на поранешниот министер за образование и наука од редовите на ДУИ Јетон Шаќири.
Транспарентот доаѓа само еден ден по соопштената одлука за раздвојување на Република Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, се’ погласните несогласувања околу Законот за бранителите, и во време кога е се’ посилна реториката за поделби која не враќа многу години во едно минато време.
– Дојде време да ги исполниме ветувањата дадени пред нашите граѓани, кои континуирано го поддржуваат евроатлантскиот пат на нашата земја, се вели во соопштението на ДУИ по претстојното отворање на преговорите на ЕУ со Албанија и одвојувањето од заедничкиот пакет со Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Јетон Шаќири