Нион, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Челниците на УЕФА ја разгледувале можноста да ги суспендираат натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа, објави радио Каталонија. Според овој извор одлуката може да биде донесена на 19 март кога ќе биде комплетирана осмина-финалната фаза во двете натпреварувања.
Поради епидемијата на коронавирусот во Италија нема да има фудбал до 3 април, а слична одлука се подготвува да донесе и УЕФА. Веќе е познато дека неколку натпревари од осмина-финалето ќе се играат без присутво на публика.
https://twitter.com/ClubMitjanit/status/1237270713985200129
Лига на шампиони:
Осмина-финалните реванши на програмата се денес и утре, односно на 17 и 18 март.
Денес:
Лајпциг-Тотенхем (1:0)
Валенсија-Аталанта (1:4), дуелот ќе се игра без публика
Утре:
ПСЖ-Борусија Дортмунд (1:2), дуелот ќе се игра без публика
Ливерпул-Атлетико Мадрид (0:1)
17 март:
Јувентус-Лион (0:1), не е познато каде ќе се игра натпреварот
Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1)
18 март:
Барселона-Наполи (1:1)
Баерн-Челси (3:0)
Во Лига Европа овој и наредниот четврток ќе се играат осмина-финалните натпревари. Еден натпревар е одложен, Ајнтрахт Франкфурт-Базел, а според досегаѓните информации пред празни трибини ќе се играат натпреварите:
Севилја-Рома
Интер-Хетафе
Олимпијакос-Вулверхемптон
Копенхаген-Басахшехир. (Крај)
извор: Топспорт фото: архива