август 7, 2024

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на аеро клубот „Охрид“, продолжуваат да нижат успеси на домашно и меѓународно поле.

Изминатиот викенд на Меѓународниот „Прилеп Куп“, во конкуренција со натпреваувачи од 15 земји, учествуваа 5 охридски моделари.


Во модели со мотор на внатрешно согорвање во класата F1-C Митко Цветаноски освои второ место. Во класата F1-B гумењаци Петар Цветановски како јуниор беше осми, исто како и Климент Масин во сениорска конкуренција.

Покрај тоа, во тек е Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, што се одржува на Спортскиот терен „Веселчани“ кај Прилеп. Денес, охридскиот клуб учествува со судии за класата F1-А, додека пак во текот на утрешниот ден Петар Цветановски ќе се натпреварува во класата F1-B модели со гумен погон.

На првенството учествуват претставници од 15 земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Митко Цветаноски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука