септември 3, 2024

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука