Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Денеска и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес