Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Денеска претежно во западните делови, а во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во петок. За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 17