Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне услови за локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.
– Од утре следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 35