Охрид, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во објектот на „Cuba libre” плажа, ќе настапува „Тhe Evergrееn trio”.
Триото го сочинуваат проф. Емилија Маринова – вокал и пијано, Јане Тодороски – бас и Филип Стојковски – тапани.
За охридската публика ќе изведат репертоар од одбрана музика. Препознатливи по квалитетната музика и по уникатноста, секогаш привлекуваат внимание кај посетителите на добрите забави.
Почетокот на настанот е во 22.00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24