декември 5, 2021

Охрид, 5. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид денеска спроведоа нова ЕКО акција, овој пат за расчистување на патот за „Беј Бунар“.

– После 3 часовната битка со пластика, метали, разноразни предмети од домаќинства, кревети, гуми, теписони итн. конечно природата го доби сјајот кој го заслужува. Испраќаме апел до  ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид да го соберат ѓубрето по патот за „Беј Бунар“ во најскор можен рок. Исто така сите оние што сакаат да се активираат за следни вакви акции, будно да ги следат нашите објави и да помогнат за почист и поубав Охрид, порачаа од „Енхелеус Лихнид“.

May be an image of outdoors and tree

May be an image of 4 people, tree and outdoorsMay be an image of 1 person and outdoorsMay be an image of 1 person, tree and outdoorsMay be an image of 2 people, outdoors and treeMay be an image of 2 people, nature and treeMay be an image of outdoorsОва Здружение е едно од најактивните во Охрид периодов наназад и со постојани ЕКО акции укажува на важноста за зачувување на чистата животна средина во градот и околината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Енхелеус Лихнид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука