– Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, сѐ уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два – рече министерот Филипче денеска на Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.
Статистиката покажува дека во земјава од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55-годишна возраст.
Тој најави дека оваа недела завршува постапката за набавка на респиратори и стигнуваат уште 50, а има шанса да обезбедиме уште 50 за една недела до 10 дена.
Амбасадорот на Кина ја понудил нивната помош за размена на искуства меѓу нивните експерти и нашите епидемиолози, па може да добиеме уште 200 машини од Кина.
– Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив – истакна министерот. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива