Скопје, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во овој момент се тестираат 7 пациенти за корона вирус, тројца од Дебар, двајца од ЦЈЗ Штип и двајца на Инфективната клиника. За последните четворица се знае дека дошле од Австрија или од Германија, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот кажа дека испишана е првата пациентка која беше заболена од корона вирус, а сите кои биле во контакт со неа се тестирани и немаат никакви симптоми.
– Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 на Клиниката за инфективни болести, пациентката од Дебар која е на респираторна машина е стабилна, а стабилна е состојбата и на пациентите во Дебар кои се на домашно лекување. Подготвен е и списокот на лекари, анестезилози и медицински сестри кои би ротирале доколку има потреба. Искрено се надевам дека нема да дојде до тоа сценарио да имаме многу пациенти на машина за дишење. На располагање се блузи 440 медицински сестри, 200 анестезиолози од целата држава, рече Филипче.
Тој информира дека денес за првпат се состанал и кризниот штаб, на кој било потврдено дека нема констатација за нарушување на јавниот ред и мир.
Како дел од сетот мерки кои се преземаат, од работа ќе биде ослободен и родител на дете кое боледува од цистична фиброза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива