Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот гори на потегот до Зли дол и Војтино, велат читатели на OhridPress, кои до редакцијата на OhridPress испратиja фотографија и видео од пожарот на планината Галичица, снимени од манастирскиот комплекс „Св. Наум“.
– Потребна е помош од воздух, хеликоптери или „Ер тракторите“. Сите кои можат и сакаат да волонтираат во гаснењето на пожарот, утре ќе се тргнува од патот кој води за Војтино, во 06:30 часост, на 100 метри после наплатната рампа, велат во пораката.
Фотографии од пожарот денеска на неговиот профил на Facebook објави и Slobodan Kochoski кој апелира до одговорните да се испратат авиони и хеликоптери за да се санира пожарот.
Погледнете:
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес/Slobodan Kochoski
Прочитано: 197