Охрид, 21. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии од автобусот на охридскиот превозник „Галеб“, кој беже опожарен синоќа, околу 21:00 часот на патот Охрид-Кичево.
Возилото се запалило кај превојот „Пресека“, а во него немало патници. Во пожарот нема повредени, а причинета е поголема материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5, возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници. Возилото е целосно изгорено, а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР.
Видеото, што го снимил очевидец на настанот го објави порталот Порта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Порта.мк