април 10, 2018

Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во вторник, на 17-ти април ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Со своите уникатни носии со кои настапува, Ансамблот претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство, кое е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

tanec

На програмата се повеќе дела од богатото македонско фолклорно наследство: „Невестинско“, „Чифте чамче“, „Лазаренки“, „Осоговка“ и многу други.

Концертот ќе се одржи во големата сала при Центарот со почеток во 20:00 часот. Влезниците ќе се продаваат по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука