мај 21, 2023

Охрид, 21. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 21:00 часот на патот Охрид-Кичево, кај селото Извор, опожарен е автобус на охридскиот превозник „Галеб“, по што на терен интервенираше противпожарна единица.

Возилото се запалило кај превојот „Пресека“, а во него немало патници, освен возачот. Во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.

Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници. Возилото е целосно изгорено, а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР.

Видеото, што го снимил очевидец на настанот објави порталот Порта. (Крај)

извор: Либертас фото: Либертас

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука