Цуцковски: Тенденцијата е да го вратиме сјајот на „Охридско лето“
декември 20, 2024

Скопје/Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нема да дозволам настап на несоодветен профил на уметници со тенденција да го вратиме сјајот на „Охридско лето“ како врвен сублимат на светската уметничка елита. „Охридско лето“ во својата архива содржи веќе енциклопедиски имиња и мојата тенденција ќе биде да продолжиме во таа насока, вели за весникот Вечер, новиот директор на фестивалот Ѓорѓи Цуцковски.

Според него, Охрид како религиозен центар на Република Македонија, во соработка со „Охридско лето“, треба да организира Велигденски концерт на духовна музика, со што официјално започнува и неговата работа како директор на институцијата. Цуцковски најави дека јубилејното 65. издание на Охридско лето ќе се слави со квалитетна програма и врвни уметници.

– „Охридско лето“ секоја година заслужува врвна програма и организација. Освен Свеченото отворање, фестивалот трае 40 дена и сметам дека на публиката треба да ѝ понудиме висококвалитетна  програма затоа што истата тоа го очекува и заслужува. Се надевам дека во временскиот рок ќе успее да се спроведе едно социолошко истражување за потребите на публиката со што во иднина ќе знаеме како да ја конципираме програмата, но без оглед на модерните текови, сепак сметам дека „Охридско лето“ е сериозен фестивал на кој настапуваат пред сè сериозни уметници. Оваа година планираме Меморандум за соработка со Националната галерија со што на посетителите на Охрид би им овозможиле да погледнат дел од македонското богато ликовно творештво. Исто така се надевам дека ќе успееме да реализираме и неколку проекции на филмови на прекрасниот простор Долни Сарај со што фестивалот ќе ја збогати својата понуда, вели Цуцковски.

Тој беше и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ во 2018 година. Минатата година ја доби престижната награда „13 Ноември“ за афирмација на оперската уметност во државата и во странство.

Комплетната информација на весникот Вечер ОВДЕ. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука