Скопје/Охрид, 17. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид спроведува мерка за 82 лица кои се под здравствен надзор и домашна изолација во рамки на подрачјето што го покрива, рече на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Тој информира дека се контролирани и вкупно 131 угостителски објект на територијата што ја покрива СВР Охрид.
– МВР презема широк спектар на мерки и активности во насока на спроведување на заклучоците на Владата за заштита на здравјето на граѓаните. Во рамки на МВР формирано е координативно тело со највисоките претставници на министерството кои секој ден имаат состанок на кој се дискутира за активностите, рече Чулев и упати апел до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата, а и да го ограничат движењето и собирањето во поголеми групи во текот на денот.
Во рамки на кризнотро подрачје Дебар и Центар Жупа има околу 130 припадници на МВР додека во периметарско обезбедување се 45-50 припадници на Одделот за специјални полициски операции.
Од страна на МВР отворена е бесплатна линија на која граѓаните може да се информираат за сите активности кои се во ингеренции на министерството, а се поврзани со справувањто во врска со спречување на заразата од корона вирус. Бројот е 0800 00201, а отворена е и мејл адреса на мин за поставување прашања или пријавување на непочитување на одлуките на владата [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива