Охрид, 30. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе биде промовирана втората книга – дневник „Мојот живот после изгубен живот“, од Драгица Матилоска, мајката на младиот Димитар, момчето кое трагично го загуби животот, за време на новогодишната ноќ, 2016-та година.
Првиот дел беше објавен минатата година, а во него Матилоска зборува за самотијата, стравовите што ги чувствува, за празните соби, ходници, за болката по Димитар и животот без него.
И со продолжението на дневникот таа уште еднаш порачува никогаш во Охрид да не се случи ваква трагедија и ниедна мајка да не ја почувствува нејзината болка.
Промоцијата ќе се одржи денес со почеток во 18:00 часот, во Central Irish pub. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31