Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Половина од охридските пратеници веќе го дадоа својот осврт на мандатот, како дел од пошироката анализа „046 За Охрид се зборува“ на Супер радио и OhridPress за работата на охридските пратеници во Собранието на Република Македонија.
Се надеваме како редакција дека и преостанатите двајца пратеници ќе најдат време и можност да го кажат својот став пред граѓаните кои гласале за нив на изборите кои се одржаа во 2020 година. Поканата за тоа останува се’ до четврток, на 7-ми декември, кога ќе биде објавена комплетната анализа, како и целосните интервјуа со пратениците од последниот парламентарен состав 2020-2024 година.
На OhridPress е во тек и анкетата на која скоро 1.000 граѓани го дадоа својот глас за работата на охридските пратеници во Собранието на Република Македонија.
Наскоро на OhridPress повеќе за тоа какви пратеници имаме, а уште повеќе за тоа какви пратеници треба да имаме во новиот парламентарен состав. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес