ЕКОЛОГИЈА Избор Македонија

Експерти од земјите од Дримскиот басен на состанок во Атина

Охрид/Атина, 4. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре во Атина се одржува работен состанок на експерти од сите земји на Дримскиот басен (Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција).

Експертите активно ќе работат на анализа на причинско – последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско, Преспанско и Скадарско.

Исто така ќе се утврдуваат причините за нарушувањето на квалиттеот на водите во басенот, нарушувањето на биодиверзитетот, варијабилноста на хидролошкиот режим и транспортот на седимент (се во прекуграничен контекст) но и ќе се утврдуваат и активности за реакција и спречување на причините.

– Целата анализа е контрибуција во изработката на Стратешкиот Акционен План за сливот на реката Дрим, што ќе биде документ кој државите ќе го преговараат во контекст на приоритетите за заштите и управување на целиот слив но и неговите подсливови, информира националниот координатор за ГЕФ Дримскиот проект, Дејан Пановски.

Состанокот е организиран и воден од страна на Глобалното партнерство за води – Медитеран кој е егзекутивен спроведувач на ГЕФ Дримскиот проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива