Забава ТОП ВЕСТИ

Успешна година за Галоски, еден од најталентираните домашни Дџ-и

Скопје, 4. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Веќе неколку години наназад, еден од нашите најталентирани диџеи и продуценти Галоски ниже успеси на полето на електронската музичка сцена во земјава и пошироко.

2018-та година беше особено успешна за него. Ја започна со изданието за Armada Music, издавачка куќа која е во сопственост на еден од најголемите диџеи во светот – Armin van Buuren.

Image may contain: 12 people, people smiling, crowd

Следуваа успешни настапи и турнеи од едниот до другиот крај на светот, настапи во Јапонија во три од најдобрите десет клубови во Токио, Австрија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Шпанија, Сингапур на еден од најреномираните музички фестивали за електронска музика во светот Ultra Music Festival и едномесечна турнеја во Кина со последователни настапи во повеќе градови од едниот до другиот крај на земјата. Годинава настапи и на фестивалите Skopje Calling и Ohrid Calling каде беше официјална поддршка на светски познатите диџеи кои настапуваа во Република Македонија.

Image may contain: one or more people and crowd

До крајот на годинава треба да излезе уште едно издание за Armada Music, кое веќе премиерно се емитува на радио емисијата на светската диџејска сензација Fedde Le Grand.

Галовски за следната година најавува неколку изданија, како и турнеја низ Азија и Европа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива