Забава Избор

Банкомат исфрлал банкноти од 100 долари, луѓе се тепале за парите

Хјустон, 4. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата пред неколку денови морала да блокира цел кварт во Хјустон  поради бизарна причина – на социјалните мрежи се раширила вест дека еден банкомат дели банкноти од 100 долари наместо од 10.

Банката на чиј банкомат се случила грешката набрзо издала соопштение дека за случајот е одговорен службеник од банката, кој на местото каде што стојат банкноти од 10 долари ставил од 100 долари, нагласувајќи дека проблемот е решен.

Сè почнало во 23 часот, кога еден клиент наместо 20 долари, од банкоматот добил две банкноти од по 100 долари, а тоа го објавил на социјалните мрежи. Пред банкоматот набрзо се направила гужва и луѓето почнале да се тепаат.

Банката одбила да коментира колку пари биле подигнати од банкоматот за два часа, колку што ѝ било потребно на полицијата да ги растера луѓето и да ја стави ситуацијата под контрола. Банката не барала од граѓаните да ги вратат парите. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива