Култура Локална самоуправа

Познати добитниците на наградите за најдобри ученички поетски творби

Охрид, 4. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На ученичкиот литературен конкурс за најдобра поетска творба, распишан по повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“ – Патрон на градот, жири комисијата составена од професорите Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Ставреска и Ирена Бачиќ, ги соопшти добитниците на наградите.

– За прва категорија, за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), наградата ја добива творбата со шифра „Елза“, за учениците од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградата ја добива творбата со шифра „2602“ и третата категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година), наградата ја добива творбата со шифра „Торжество“, информираат од општина Охрид.

Додаваат дека добитниците на наградите најдоцна до четврток, 6-ти декември оваагодина, за да го докажат авторството, со четвртиот примерок треба да се пријават во општина Охрид, во Одделението за култура.

Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во сабота, на 8-ми декември со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид