ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ реализираа нагледен час по физичко со двајца Таеквондо мајстори од Сеул

Охрид, 4. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од V1 и V2 одделение со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, имаа можност да реализираат нагледен час по физичко и здравствено образование во соработка со мастерите по Таеквондо Ја Сун Хванг и Да Хун Џонг.

Image may contain: 4 people, people sitting and outdoor

Image may contain: 2 people, people playing sports and outdoor

Image may contain: 2 people, outdoor

– Во овој период по предметот физичко и здравствено образование се става акцент на вежбите за оформување на телото и мускулатурата. На нагледниот час учениците покрај вежби за загревање имаа можност да научат и основни движења за одбрана. Мастерот по таеквондо Да Хун Џонг доаѓа од Сеул и ова беше извонредна прилика за нашите ученици. Тие со внимание ги следеа насоките на мастерите, со големо задоволство ги исполнуваа зададените задачи и го научија најважното правило – вештините на таеквондото служат за одбрана. Часот им беше можне интересен на учениците, заврши со игра и порака: во здраво тело здрав дух, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива