Избор од Уредникот ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Наставничката Ивана Маховска Шикалеска најдобар наставник по германски јазик според Goethe-Institut Skopje

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска ја освои престижната прва награда за најдобар наставник по германски јазик на Goethe-Institut Skopje.

Image may contain: 6 people, people smiling, people standing

– Чест и привилегија ми е што добив прва награда за најдобар наставник по германски јазик која ја доделува Goethe-Institut Skopje за талентирани и ангажирани наставници по германски јазик кои спроведуваат иновативни проекти на своите часови. Да работиш со деца и млади бара истрајност, но и желба и ентузијазам. Со нив и ти да го откриваш светот подлабоко.
Овој пат, проектот ќе го спроведувам со моите ученици од III година од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид на кои им сум бескрајно благодарна, вели Маховска Шикалеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива