Охрид ТОП ВЕСТИ

Со интерактивна работилница од „Брег на младоста“ го одбележаа меѓународниот ден на волонтеризмот

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со интерактивна работилница, која се одржа викендов, акцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“ го одбележаа и најавија денешниот ден, 5-ти декември – меѓународниот ден на волонтеризмот.

Image may contain: 3 people, people sitting and indoor

– Во саботата работно го одбележавме овој ден со интерактивна работилница која се одржа во големата сала на општина Охрид. Работилницата беше во функција на обука и регрутација на млади во нашиот клуб, а се разговараше за волонтеризмот и акцијаштвото во современиот свет, информираат од „Брег на младоста“.

На работилницата зедоа учество повеќе од 70 млади лица од сите делови на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење