Забава Избор од Уредникот Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Со голем концерт на 29-ти декември групата Камелеон ќе одбележи 20 години постоење (Фото/Видео)

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум, порача на денешната прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.

Тој го најави и големиот концерт на групата, кој во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота на 29-ти декември со почеток во 19:00 часот.

Image may contain: 1 person, smiling, sitting, indoor and outdoor

– За концертот се подготвуваме веќе неколку месеци, работиме сериозно и активно, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени добија нови аранжмани. Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна Василески.

Image may contain: 1 person, closeup

Image may contain: 1 person

Image may contain: 1 person, tree and outdoor

Тој испрати благодарност до општина Охрид, но и до сите компании, институции, медиуми и познаници кои им помогнаа и им излегоа во пресрет за организација на концертот. Групата доби и ново заштитно лого, кои во иднина ќе биде препознатлив знак за групата.

– Подготвуваме и нова песна, доколку успееме да стигнеме, ќе биде промовирана на концертот. Ако не, новата 2019-та година ќе ја започнеме со нова песна. Како круна на оваа 20-годишна кариера, покрај концертот, ќе се снима и документарец за групата, во кој секој од нас ќе каже по нешто од своите доживувања и како ги поминал сите овие години во бендот. Ќе има многу анегдоти, интересни настани, додаде Василески.

Според гитаристот Роберт Милески, човекот кој ги потпиша најубавите стихови на групата, Камелеон функционира како едно семејство.

Image may contain: 1 person, smiling

– Заедно сме полни 20 години. Морам да признам дека дел од тајната на успехот лежи и во публиката. Сите овие години таа е со нас и не прифаќа, секоја наша песна, помалку или повеќе е прифатена. Меѓу нас како луѓе имало и искри и несогласувања, но секогаш преовладувало почитувањето, другарството и пријателството, на некој начин сме како едно семејство. Тука секако е и желбата за музика, за свирење, творење, а со тоа и збогатување на она што доаѓа како културен придонес на македонската музичка сцена од наша страна, истакна Милески.

Членови на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток. Петар станува дел од групата во 2001 година, а Зоран сите овие години, или е активен член или е во друга врска со бендот, како што е снимање на песни и слично. Низ годините и бројни други музичари имале добра соработка со бендот или биле негови членови и со тоа оставиле свој печат. Меѓу нив секако се и клавијатуристот Коки (членува во групата од создавањето на бендот, па се до 2001 година) и тапанарот Игор Фармаковски, кој работи со Камелеон во периодот од 2009 до 2010 година. За повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top, тезга „Аждер“ во центарот на градот и во Burger Station. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес