ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОУ „Св.Климент Охридски“ слави 120 години од основањето и патрониот празник

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Св. Климент Охридски“ денеска ќе го одбележи својот патронен празник, а воедно и јубилејот 120 години од основањето на училиштето.

Настаните ќе се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“. Од 18:15 часот ќе биде отворена изложба и продажна акција, а во 19:00 часот во големата сала ќе се одржи свечена културно-уметничка програма на тема „Времеплов“.

Основното училиште „Св. Климент Охридски” е најстарото основно училиште во Охрид. Формирано е во 19 век и својата богата педагошка традиција настојува да ја чува и негува и во современи услови. Поминувајќи низ различни историски периоди, училиштето опстојуваше и беше расадник на многубројни генерации од кои многу поединци оставија длабоки траги во различни сфери на општествениот живот во градот, Република Македонија и пошироко: во областа на науката, културата, образованието, уметноста…

Мотото на училиштето е: Ние имаме време за секој ученик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива