Култура ТОП ВЕСТИ

Изложба на книги во чест на Св. Климент Охридски

Охрид, 5. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ попладнево ќе биде отворена изложбата насловена „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“.

Ќе бидат изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот. Преку изложбата ќе се види континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па сé до денес.

Во рамките на настанот ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.

Изложбата ќе биде отворена во Прличевата одаја од 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива